18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради силни ветрови Ајфеловата кула затворена за посетители

Поради силни ветрови Ајфеловата кула затворена за посетители

Поради силните ветрови од невремето наречено „Елеанор“ за посетителите е затворена Ајфеловата кула, објави компанијата задолжена за одржување на познатиот париски споменик.

Западните и северните делови на Франција и парискиот регион денеска беа погодени од бурата „Елеанор„ која предизвика голема штета, предизвикувајќи поплави, кршење дрвја и далноводи. Затворени се и повеќе аеродроми, а воздушниот сообраќај е пренасочен кон источниот дел на земјата.

Во северниот дел на Франција урово речиси 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија, објави енергетската компанија „Енедис“.

Компанија SETA поради ветровите кои во одрендени моменти достигнуваат брзина до 100 километри на час одлучи да ја затвори познатата париска кула, која годишно ја посетуваат над шест милиони луѓе.

„Од безбедносни причини ја затворивме Ајфеловата кула во среда наутро“, рече портпаролката на компанијата. Според информациите, истата можно е да остане затворена до крајот на денот.

Градската администрација објави дека париските паркови, градини и гробишта ќе останат затворени во текот на денот.

Инаку, „Елеанор“ е четврта бура која ја погоди земјата од почетокот на декември, по Ана, Бруне и Кармен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП