7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМилионерите не ги прават овие нешта, не правете ги ниту вие

Милионерите не ги прават овие нешта, не правете ги ниту вие

Постојат работи и навики кои се карактеристични за успешните и богати луѓе. Доколку сакате да се угледате на нив и да дофатите барем дел од нивниот успех и пари, никогаш не ги правете овие пет работи…

1. Зависност од телевизија

Милионерите никогаш нема слободното време да го поминат гледајќи телевизија. Наместо тоа, тие читаат. Од Елон Маск до Ворен Бафет – тие читаат многу часа дневно. Иако содржината може да варира, најчесто читаат книги со кои можат дополнително да се информираат и образуваат.

2. Изолација

Милионерите се вистински социјални луѓе. Секогаш се дружат и запознаваат нови луѓе. Вложуваат многу време во дружењето и пријателствата бидејќи знаат колку социјалните врски се вредни за успехот.

3. Преиспитување

Успешните претприемачи работат според своите чувства и не ги преиспитуваат премногу нивните избори. Сепак, секогаш размислуваат за последиците. Но, не премногу и никогаш не ги анализираат работите до границата која ги парализира во понатамошното делување.

4. Предавање

Милионерите не подигнуваат бело знаме на првиот знак за невоља. Тие ќе се соочат со сите критики од надредените, пријателите, семејството, но нема да се откажат. Поважна е волјата отколку просекот на интелигенција. Вистинските победници не се откажуваат.

5. Одложување

Многу претприемачи се ранобудници, бидејќи сакаат што поскоро и поподготвено да го започнат денот. Ретко се откажуваат од станувањето навремено и ретко брзаат и доцнат на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП