21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Осум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета, информираат од полицијата.

При сообраќајните незгоди осум лица добиле лесни телесни повреди.

Единаесет возачи биле исклучени од сообраќај бидејќи еден го управувал возилото под дејство на алкохол, а другите десетмина управувале возило без возачка дозвола. Двајца возачи биле санкционирани бидејќи еден поминал крстосницата на црвено светло, а другиот не дал првенство на минување пешаци.

Во текот на вчерашниот ден затекнати биле 88 непрописно паркирани возила, а 85 биле отстранети од страна на пајак-службата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП