10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлагодарение на ветерот се расчисти воздухот во Скопје

Благодарение на ветерот се расчисти воздухот во Скопје

Ветерот што од синоќа почна да дува во скопската котлина го расчисти загадениот воздух. Според мерењата, од ноќеска по 22 часот концентрацијата на ПМ 10-честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.

Метеоролозите најавуваат и за денеска дека ќе има умерен до засилен ветер.

Загадувањето во изминатите два дена беше неколку пати поголемо од дозволеното. Највисоката вредност на ПМ 10-честичките беа измерени во Лисиче – 629 микрограми на кубен метар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП