18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобар финиш на 2017-та и за производствениот сектор во Канада

Добар финиш на 2017-та и за производствениот сектор во Канада

Темпото на раст на канадскиот производствен сектор се зголеми на крајот на 2017-та година, бидејќи компаниите успеаја да ги зголемат производствените капацитети во позадината на раст на новите нарачки, соопштува „Ројтерс“.

Индексот на производствени активности во Канада се зголеми на 54,7 поени во декември, во споредба со 54,4 поени во претходниот месец. Според бизнис побарувачката, растот е делумно поради енергетскиот сектор, кој се опорави по падот на цените на нафтата пред две години.

Новите извозни нарачки покажуваат слаб раст благодарение на подобрувањето на светската економија. Платите на вработени во земјата продолжуваат да растат.

Дури 36% од анкетираните претставници на производствениот сектор очекуваат обемот на производството да продолжи да расте во 2018-та година, станува јасно уште од анализата, цитирана од агенциите.

На крајот од неделата, исто така, ќе бидат ажурирани податоците за невработеноста во Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП