18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Највисоките облакодери во 2017-та година

График на денот: Највисоките облакодери во 2017-та година

Минатата година издигнувањето на облакодери во светот достигна нови височини, коментира „Statista“.

Во 2017-та година биле изградени 144 нови згради со висина од минимум 200 метри, вклучувајќи 15 „супервисоки“ згради од најмалку 300 метри, покажуваат податоците на „The Council On Tall Buildings and Urban Habitat“.

Сепак, никој не може да се натпреварува со Кина од гледна точка на новоизградените облакодери, бидејќи во земјата биле завршени 76 згради од најмалку 200 метри. САД, макар и на второ место е доста поназад со само 10 нови облакодери. На третата позиција пак е Јужна Кореја со вкупно седум, а интересно е дека соседна Северна Кореја подигнала четири.

Режимот изградил четирите нови облакодери во земјата во станбениот комплекс „Ryomyong“ во Пјонгјанг, а највисокиот е над 270 метри.

Ова сепак е над двојно помалку од највисоката зграда, изградена во 2017-та година, чија височина е 599 метри. Тоа е 115-катниот облакодер „Ping An Finance Center“ во Шенжен, кој се располага на површина од 459.525 м2.

Втората по височина зграда за минатата година е „The Lotte World Tower“ во Сеул, Јужна Кореја, а третата е „Marina 101“ во Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП