4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД забележан најголемиот јаз во приходите меѓу директорите и работниците

Во САД забележан најголемиот јаз во приходите меѓу директорите и работниците

Директорите на водечките компании во САД се значително повеќе платени од нивните колеги во странство.

Од друга страна, јазот меѓу нивните плати и примањата на просечниот американски работник е поголем отколку во другите земји, пренесува Блумберг.

Директорите на најголемите американски компании листирани на берзата, имаат просечна годишна заработка од 14,3 милиони долари, што е двојно повеќе од заработката на нивните колеги во Канада и десет пати поголемо од примањата на раководителите во Индија, наведува њујоршката агенција која анализираше 22 држави.

Директорите на компаниите во Индија, кои се листирани во рамките на индискиот индекс Sensec, сепак заработуваат 229 пати повеќе од процечниот работник во таа земја, што е втор најголем светски јаз после САД, каде директорите заработуваат 265 пати повеќе од просечниот работник.

Во Норвешка и Австрија таа разлика е најмала, па така директорите на најголемите норвешки компании заработуваат во просек 1,28 милиони долари, што е отприлика еднакво на заработката на 20 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП