Акциите на „MoneyGram“ забележаа пад на вредноста, откако американската влада не го одобри нејзиното спојувањето со единицата „Ant Financial“ на „Alibaba“, која е контролирана од основачот на кинескиот гигант Џек Ма, пишува „CNBC“.
„Ant Financial“ ќе плати 30 милиони долари такса за откажување од договорот, во рамките на кој изразува согласност да ја купи „MoneyGram“ за 18 долари по акција. Акциите на „MoneyGram“ се тргуваа по цена од околу 12 долари во вторникот, пад од скоро 9%.
„Геополитичкиот амбиент се промени значително откако прво ја објавивме предложената трансакција со „Ant Financial“ пред речиси една година“, коментира извршниот директор на „MoneyGram“, Алекс Холмс. „Иако дадовме се од себе, за да работиме заедно со американската влада, сега стана јасно дека таа нема да го одобри ова спојување“, додава тој.
Наместо тоа „Alibaba“ и „MoneyGram“ ќе формираат „нова стратешка бизнис кооперација“, за да ги прошират своите услуги за дигитални порамнувања на меѓународен план.
„Афирмација на ова ново стратегиско партнерство со „MoneyGram“ ќе донесе партнер со глобални можности во нашиот екосистем“, коментира Даг Фигин, претседател на „Ant Financial International“. „Иако „Ant Financial“ нема да има директна врска преку сопственост со „MoneyGram“, немаме трпение да работиме заедно со екипата на „MoneyGram“, за да ја направиме нашата платформа уште подостапна“, вели тој.
Ова е голем удар за кинескиот гигант во електронската трговија, кој има глобални амбиции, но се соочува со „тешката рака“ на американската влада во однос на трговијата со Кина. Се очекува овој месец претседателот на САД, Доналд Трамп да наметне посериозни казни на компаниите кои зависат од трговијата со Кина, пишува „Washington Post“.
„Ant Financial“ е позната по доминантната онлајн услуга за плаќање – „Alipay“, која наликува на „PayPal“. Таа беше дел од „Alibaba“, но се оддели од неа кога „Alibaba“ стана јавна компанија во 2014-та година. Самата „Ant Financial“ е сметана за една од топ кандидатите за „ИПО“, иако се тврди дека во октомври 2017-та година компанијата одлучила да почека со спроведувањето на овој план, додека таа ја прошири својата инвестиција во стартап.
„MoneyGram“ е втора најголема компанија за трансфер на пари во светот. Има долга историја на работа со мултинационални трансфери на пари – од 1940-тите.