20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија со највисока стапка на вработеност од обединувањето

Германија со највисока стапка на вработеност од обединувањето

Стапката на вработеност во Германија е зголемена за 1,5 проценти на 44,3 милиони луѓе во 2017 година, соопшти Сојузното биро за статистика.

Со оваа стапка на вработеност e достигнато најголемото ниво од повторното обедување на Германија во 1990 година и претставува најостриот раст од 2007 година.

Вкупниот број на луѓе кои работат во Германија расте константно веќе 12 години, јавува DPA.

Особено е зголемена стапката на вработени меѓу работниците кои примале социјални придонеси, додека донекаде паднал бројот на самовработени и маргинално вработени лица.

Стапката на невработеност паднала на 3,7 проценти од работната сила во 2017 година, што е најниското ниво од обединувањето на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП