4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно со слаб до умерен ветер

Денес променливо облачно со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој поизразен ќе биде долж Повардарието.

Кон крајот на денот, кон четврток, облачноста ќе се зголеми особено во западните делови на земјава, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температира ќе достигне од 4 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Денеска кон крајот на денот и в четврток во утринските часови ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови каде се очекува да се формира нова снежна покривка. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, а од петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП