18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатата година била најбезбедна во историјата на воздухопловството

Минатата година била најбезбедна во историјата на воздухопловството

Минатата година била најбезбедната во историјата кога се во прашање патувањата со комерцијални авиони, со оглед на тоа што авиокомпаниите не евидентирале ниту еден смртен случај поврзан со несреќа, покажуваат податоците на холандската консултантска компанија за безбедност во воздушниот сообраќај.

Во 2017 година не се пријавени смртни случаи во комерцијалните летови со млазни авиони, објавија консултантската компанија „To70“ и Мрежата за безбедност во воздухопловството.

„2017 година беше најбезбедна во историјата на воздухопловството“, изјавил Адријан Јанг од „To70“.

Според проценката на оваа организација, минатата година е забележана само една несреќа со смртен случај од 16 милиони летови, што одговара на коефициент од 0,06 на милион летови.

Од мрежата за безбедност во воздухопловството, исто така, објавија дека во 2017 година немало смртни случаи во комерцијалните летови на патнички млазни авиони. Во вкупно 10 несреќи со авиони загинале 44 лица во авион и 35 лица на тлото, но оваа информација се однесува на товарни авиони и комерцијални летови со помали авиони.

Во оваа бројка се вклучени и 12-те жртви кои загинаа на 31 декември во Костарика, кога летало од типот „Nature Air Cessna 208B Grand Caravan“ се урнало во планинска област неколку минути по полетувањето од градот Пунта Истила.

Колку за споредба, во 2016 година се случиле 16 авионски несреќи со 303 смртни случаи.

Најсмртоносниот инцидент минатата година се случи во јануари кога еден турски товарен авион во услови на густа магла се обиде да слета на најблискиот аеродром, но се урна во атарот на село во Киргистан. Во несреќата загинаа 35 лица од селото и четиричлениот екипаж на авионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП