26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува постапката за донесување закон за зелена нафта

Започнува постапката за донесување закон за зелена нафта

Земјоделците се чекор поблиску до користење поевтина т.н. „зелена нафта“ за земјоделската механизација.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство го почна процесот за воспоставување законска основа за оваа бенефиција, која владејачката партија ја најавуваше во предизборието. Предвидено е учество во работни групи формирани од Министерството и јавни дебати за одредени прашања преку користење електронски интерактивни алатки.

Со мерката „зелена нафта“ се очекува да се ублажи ударот за земјоделците од зголемувањето на акцизата за нафтата. На владина седница е постигната согласност за измена во Законот за земјоделство и рурален развој. Од Министерството за земјоделство лани информираа дека има пари за реализирањето на оваа мерка во текот на 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП