Производството во еврозоната ја заврши годината со рекорд за последните две децении. Ова го покажуваат податоци за индексот на производство на „PMI“ на аналитичката компанија „IHS Markit“.
Очекувањата се за зголемување на побарувачката за да се даде силен поттик за производство во 2018-та година, објави агенцијата.
За декември блокот индексот достигна 60,6 поени, што е највисока вредност од почетокот на истражувањето во јуни 1997-ма година. Во ноември, нивото беше 60,1 поен.
„Бумот во производството во еврозоната доби дополнителна инерција во декември, завршувајќи ја најдобрата година досега и спремајќи „темели“ за силен почеток на 2018-та година“, коментира Крис Вилијамсон, главен економист во „IHS Markit“.
Во исто време, отворањето нови работни места во ноември останува со рекордно темпо, додаде тој.
Индексот на нови нарачки, кој изнесува 61,5 поени, не е виден во почетокот на векот.
Инфлацијата е 1,5% во ноември. Тоа е под двата проценти предвидените од Европската централна банка (ЕЦБ), која во октомври најави дека ќе се преполови месечниот обем на програмата за откуп на средства до 30 милијарди евра од почетокот на јануари.