15 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia 3310 зa 2018-та добива 4G и поддршка за Android

Nokia 3310 зa 2018-та добива 4G и поддршка за Android

„HMD“ не се откажува од „Nokiа 3310“ ниту во 2018-та година. Туку, пристигнува нов „4G“ модел, кој ќе користи и нов оперативен систем „YunOS“.

Кинеската регулаторна агенција „TENAA“, регистрираше уште еден модел на „Nokiа 3310“. Oвој пат, станува збор за напреден уред „TA-1077“, со подолнителни подобрувања во однос на актуелните „2G“ и „3G“ модели.

„TENAA“ соопшти дека производитело „HMD Globay Oy“ оваа година ќе претстави „Nokiа 3310“ со поддршка за „4G“ мрежата. Тоа секако ќе обезбеди значително побрзо сурфање на Интернет. Меѓутоа, прашањето е, колку тоа ќе биде практично со оглед на тоа дека „HMD“ нема намера да ја зголемува дијагоналата на екранот.

Воведувањето на поддршката за „4G“ мрежата нема да биде единственото подобрување кое оваа нова „Nokia 3310“ ќе ја добие. Пристигнува и новиот оперативен систем „YunOS“, кој ќе ги замени досегашните „Series 30+“ (2G) и „Feature OS“ (3G), a кој ќе може да користи и апликации за „Android“.

Кога новата „Nokia 3310“ ќе се појави на пазарот и по која цена, засега не е познато. Со оглед на тоа дека цената на „3G“ моделот е околу 60, „4G“ моделот не би требало да чини повеќе од 100 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП