ЕКОНОМИЈА

Каталонската криза ја чини шпанската економија милијарда евра

Министерот за економија на Шпанија, Луис де Гуиндос, изјави дека кризата во Каталонија ја чинела државата една милијарда евра, а локалната економија продолжува да ги чувствува последиците.

„Каталонија имаше пораст повисок од шпанскиот и претставуваше еден од двигателите на шпанската економија. Сепак, во последните четири месеци од минатата година таа е на товар на државата“, рече Де Гуиндос.

Кризата започна кога парламентот во Каталонија во октомври прогласи независност по референдумот што владата на Шпанија го прогласи за незаконски.