21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Каматата на кредитите непроменета, на депозитите намалена

НБРМ: Каматата на кредитите непроменета, на депозитите намалена

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, во ноември минатата година банките во Македонија одобрувале кредити со просечна каматна стапка од 5,1 отсто, која останала непроменета во последните три месеци, а каматната стапка кај депозитите изнесувала 1,3 отсто и забележала намалување од 0,1 отсто на месечно ниво.

Како што покажуваат податоците, каматната стапка на кредитите на корпоративниот сектор изнесувала 5,3 отсто, а кај домаќинствата 6,4 отсто. Кај депозитите каматната стапка на претпријатијата била 1,9 отсто, а на населението 1,5 отсто.

Каматата на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор забележала намалување од 0,1 проценти. Притоа анализирано од аспект на валутната структура на одобрените кредити минималната надолна промена е евидентирана кај каматните стапки на сите компоненти, и тоа кај денарските кредити со валутна калузула за 0,2 проценти и без валутна клаузула од 0,1 проценти и кај кредитите во странска валута 0,1 проценти. На годишна основа каматната стапка бележи намалување од 0,6 проценти.

Каматата врз која се одобрувале нови кредити во корпоративниот сектор во ноември изнесува 4,9 отсто и има месечно зголемување од 0,1 проценти. Месечниот раст е резултат на зголемувањето на каматните стапки кај денарските кредити со валутна калузула од 0,2 проценти и кредитите одобрени во странска валута од 0,1 проценти наспроти падот кај каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула од 0,1 проценти. Во споредба со октомври претходната година каматата е пониска 0,8 проценти.

Депозитите на корпоративниот сектор имале камата од 1,9 процент со месечен пад од 0,1 проценти, што е резултат на намалувањето кај каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута за 0,1 проценти. На годишно ниво стапката е пониска од 0,2 проценти.

Новопримените депозити на корпоративниот сектор имале камата од еден процент и на месечна основа не бележи промена, а во однос на ноември претходната година има намалување од 0,6 проценти.

Кредитите одобрени на домаќинстата во ноември имаат просечна каматна стапка намалена 0,1 проценти. Каматата на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесувала 5,5 проценти, каде што е забележана минимална надолна промена од 0,1 проценти во споредба со претходниот месец, а на годишна основа е забележано намалување од 0,3 проценти.

Од април 2017 година просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата се одржува на ниво од 1,5 процент. Просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата во ноември забележала намалување од 0,1 проценти и изнесува 1,6 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП