17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Водно се уништени повеќе парковски елементи

На Водно се уништени повеќе парковски елементи

Изминатиот период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк-шумата Водно увиделе уништување на повеќе парковски елементи.

„Сè почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, канти за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување“, велат од „Паркови и зеленило“.

Од јавното претпријатие истакнуваат дека потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е сè поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк-шумите, парковите и урбаното зеленилото, па оттука апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП