26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо построги критериуми за коцкарниците државата ќе го полни буџетот

Со построги критериуми за коцкарниците државата ќе го полни буџетот

Министерството за финансии ќе го менува Законот за игри на среќа и за забавните игри. Во образложението на предлог-законот пишува дека според постојниот закон, во клубовите со автомати се поставуваат машини кои се постари од 15 години.

На приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати. Учесниците во игрите на среќа играат на застарени и амортизирани автомати, наместо на автомати не постари од една година, пишува во образлоежнието.

Во согласност со постојното законско решение приредувачите на игри на среќа во клубовите со автомати, со добивањето една лиценца имаат можност да отворат неограничен број деловни простории. Овој начин им носи бенефит само на приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а има негативни ефекти врз Буџетот поради помалку остварените приходи по оваа основа.

Помали приходи во Буџетот се остваруваат и за приредуваење на игрите на среќа во обложувалниците. Со цел да се регулира увозот на автомати (не постари од една година), во предлог-законот ќе се уреди издавањето лиценца на правни лица кои ќе вршат увоз и дистрибуција на автомати. Со овој предлог-закон кај приредувачите на игрите на среќа во клуб со автомати се враќа лиценцирањето на секоја деловна просторија, а кај приредувачите на игрите на среќа во обложувалница се предлага со една издадена лиценца од Владата да можат да се отворат 50 уплатни места и банкарска гаранција односно депозит од 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП