20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетириесет сообраќајки, еден починат, тројца потешко повредени

Четириесет сообраќајки, еден починат, тројца потешко повредени

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле 40 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, 19 сообраќајки со телесни повреди и 18 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди, едно лице го загубило животот, три лица се здобиле со тешки телесни повреди додека 35 со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувале возило со поголема брзина од дозволената, а 36 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа осум бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол, 25 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца, бидејќи биле возачи почетници.

Поради нерегистрирани возила од сообраќај се исклучени 19 возила. Седум возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека двајца не дале првенство на минување. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 90 мандатни платни налози, додека 88 возила се подигнати со “Пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП