23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо две домашни задолжувања секој месец во 2018-та

По две домашни задолжувања секој месец во 2018-та

На 9 јануари државата првпат ќе се задолжи на домашниот пазар за 2018 година. Министерството за финансии го објави календарот на задолжувања за тековната година.

Според динамиката на задолжување, секој месец се предвидени по две аукции кај домашните банки и осигурителните друштва. Претходната власт се задолжуваше по четирипати месечно. За шест месеци тоа се 12 аукции. Станува збор за заеми со кои претежно ќе се враќаат стари долгови. На првата аукција за годинава државата треба да врати приближно 40 милиони евра, а ден подоцна, на 10 јануари, 33 милиони евра.

Владата во 2017 година одлучи преку издавање домашни хартии од вредност да се задолжи 90 милиони евра повеќе отколку што треба да врати во текот на 2018 година како резултат на претходно добиени заеми. Во 2018 година државата треба да врати 370 милиони евра. Од нив, 200 милиони евра – дома и 170 милиони евра во странство. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, при носењето на буџетот во Собранието истакна дека во 2018 година од заеми ќе се обезбедат 665 милиони евра.

Буџетскиот дефицит годинава треба да достигне приближно 296 милиони евра. Јавниот долг заклучно со септември изнесуваше 4,7 милијарди евра или 45,8 отсто од вредноста на домашниот бруто-производ. Не е отфрлена и можноста за нова евроообврзница, односно за задолжување на странскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП