19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвету подготви се: Доаѓа нафтен бум и скок од 80 %

Свету подготви се: Доаѓа нафтен бум и скок од 80 %

Саудиска Арабија очекува 80-процентен раст на приходите од продажбата на нафта до 2023 година.

Тоа би можело на ова Кралство да му го донесе првиот буџетски суфицит во десет години, тврдат неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Според шестгодишната програма за балансирање на буџетот, саудиските официјални лица предвидуваат дека растот на цените на нафтата и производството ќе ги зголемат нафтените приходи на 801,4 милијарди ријали (214 милијарди долари) од овогодишните 440 милијарди ријали, јавува њујоршката агенција Блумберг.

Официјалните лица, исто така, предвидуваат дека цените на нафтата ќе достигнат 75 долари за барел.

Иако основната цел на економски план на саудискиот принц престолонаследникот Мухамед бин Салман, долгорочно гледано, е да се намали зависноста на земјата од нафта, повисоките цени на нафтата се од клучно значење за напорите на власта насочени на поддршката на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП