21 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo работи на новите 4C и Giulietta

Alfa Romeo работи на новите 4C и Giulietta

По премиерата на седанот „Giulia“ и кросоверот „Stelvio“, гамата на производи на „Alfa Romeo“ беше значително освежен. Во моментов, компанијата работи на два кросовера, но пред нив ќе бидат новите генерации на купето „4C“ и хечбекот „Giulietta“, објави „Auto Express“.

„За да може да го надградиме целосно асортиманот на модели кои ги нуди „Alfa Romeo“, ни требаат уште два автомобила – нешто од „C“-сегментот, како и спортски модел кој е задолжителен“, коментира главниот технички директор на компанијата Роберто Федели.

Според информациите, новата „Alfa Romeo Giulietta“ ќе ја користи платформата со намалена големина на седанот „Giulia“. И тоа значи дека „C“-сегментот ќе го прикаже првиот хечбек на задните тркала по „BMW Series 1“. Генерално во италијанско-американскиот концерн „FCA“, кој е сопственик на брендот „Alfa Romeo“, се откажуваат од моделите со преден погон во овој сегмент („Dodge Dart“, „Chrysler 200“ и „Lancia Delta“), бидејќи не добиваат приходи од нив.

Што се однесува до моделот „4C“, кој се нуди и како кабриолет, во моментов шефовите на компанијата разговараат за неговата долгорочна иднина, а се уште нема донесено конечна одлука за ова прашање. Се очекува моделот да остане без механички менувач, но моторот сепак ќе биде избран за овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар