2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет градови во кои не ви се потребни повеќе од 20 евра...

Пет градови во кои не ви се потребни повеќе од 20 евра на ден

patuvanje1

Веќе втора година по ред интернет порталот „priceoftravel.com“ ги истражува цените за патувањата во целиот свет и ви ги препорачува дестинациите кои го нудат најдоброто за најмалку пари.

Неодамна е објавен и Индексот за туристи за 2013 година во кој се споредени 47 европски градови, а меѓу нив се одбрани овие пет, за кои не ви се потребни многу пари, а сепак нудат соодветни услови.

1.Букурешт, Романија

bukuresht1

Во пресметката на индексот се вбројани и ноќевањата во хотел, и две карти од јавниот превоз. Според оваа пресметка Букурешт е најевтиниот европски град, за таму ќе ви бидат потребни само 18 евра на ден.

2.Софија, Бугарија

sofija1

Во оваа цена се вклучени три оброци во текот на денот, две карти од јавниот превоз, а таа изнесува 19 евра дневно. За Софија, истражувачите истакнуваат дека таа има многу пријатни и љубезни домаќини.

3.Краков, Полска

krakov3

Еден ден во Краков ќе ве чини 19 долари, а посетата на вториот најголем град на Полска се смета за најисплатливо европско патување. Посетете го Краков што поскоро, бидејќи цените наскоро ќе се зголемат, како што тоа се случи во Прага и Будимпешта.

4.Сараево, Босна и Херцеговина

M

Во цената на индексот за Сараево е вклучена и дегустацијата на три локални пива, а за уживањето во овој град нема да ви бидат потреби многу пари – само 20 евра на ден.

5.Киев, Украина

kiev1

Се што ви е потребно за еден ден во Киев се 20 евра. Иако Киев не е дел од градовите кои се наоѓаат во туристичките понуди, сепак не треба да ја пропуштите оваа можност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП