
Индија во оваа година ќе стане четвртата најголема економија во светот, јавува АФП.


Индија во оваа година ќе стане четвртата најголема економија во светот, јавува АФП.
На светската листа ќе ги претекне Велика Британија и Франција, а се очекува дека до 2032 година ќе стигне на третото место веднаш зад САД и Кина, објави британскиот Центар за економски и бизнис истражувања.
Индија, според податоците за бројот на жители наскоро ќе стане и најмногубројната држава во светот.
Економскиот раст на Индија е малку забавен на 5,7 проценти, но до крајот на оваа година ќе се зголеми повторно на повеќе од 6 проценти, што и понатака е многу силен раст, особено ако се спореди со напредокот на останатите развиени земји.
Евтините енергенти и дигиталната револуција ќе бидат мотор за економскиот раст во светот, се наведува во извештајот, а ќе доминираат азиските економии, на прво место Индија, Кина и Јапонија. Се очекува до 2030 година кинеската економија да ги надмине САД на врвот на листата.