18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари им требаат на милионерите, за да бидат среќни?

Колку пари им требаат на милионерите, за да бидат среќни?

Кој не би сакал да добие зголемување на платата или наследство?

Не може да се каже дека ова „купува“ среќа, но е веројатно да помогне, барем делумно, за подобрување на некои нешта во животот. Проблемот е што парите очигледно никогаш не стигнуваат, и колку повеќе поседуваме, толку повеќе сакаме.

Истражување на Бизнис училиштето кон Хавравдскиот универзитет во кое учествувале 4.000 милионери од различни земји во светот, покажа дека поголемиот дел од богатите сметаат дека со повеќе пари ќе бидат посреќни, бидејќи за нив среќата значи повисоко ниво на задоволство на нивните животи.

Изненадување во истражувањето е дека според една четвртина од анкетираните милионери среќата бара да го зголемат своето богатство со околу 1.000%, пишува „ВВС“. Друга четвртина од испитаниците одговориле дека нивното богатство морало да порасне за 500% за да се чувствуваат добро.

Раководителот на истражувањето Грант Донели вели дека според резултатите големо богатство раѓа среќа, но има и извесни нијанси. На пример, постои граница која ги одвојува испитаниците. „Луѓето кои поседуваат богатство од над 8 милиони долари, се значително посреќни од оние кои имаат еден милион долари“, забележува Донели.

Авторите на студијата замолиле милионери од Бразил, Хонг Конг, Индија, Ирска, Монако, Катар, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија, ОАЕ, Велика Британија и САД да го проценат нивото на среќа на скала од 1 до 10.

За да учествуваат во студијата, луѓето морале да имаат минимум еден милион долари.

Каде е границата?

Донели вели дека не може да се посочи точна сума на пари за се чувствува човек среќен, но има некои параметри.

„Добитниците на Нобеловата награда за економија Даниел Кахнеман и Ангус Дитон велат дека годишен приход од 75.000 долари (во САД) е идеален. Нашите резултати покажуваат дека среќата расте кога расте богатството, вклучувајќи и најбогатите“, забележува истражувачот.

Тој бил изненаден дека кога ги прашале колку треба да го зголемат своето богатство, за да бидат посреќни (на скала од 1 до 10), милионерите одговориле над 100%. Односно, амбицијата за поголема економска моќ не им дава мир дури и на богатите.

Наследниците не се толку среќни

Луѓето кои станаа милионери, откако добиле наследство или склучиле брак со богат човек, не се чувствуваат толку среќни колку оние кои сами го стекнале богатството преку работа.

Друг заклучок од студијата е дека само 13% од богатите се задоволни со парите што ги имаат. Мистеријата која се уште нема одговор, е зошто луѓето кои имаат стекнато најмалку 8 милиони долари, се чувствуваат значително посреќни од богатите со помалку богатство.

Која е причината за оваа разлика? Истражувачите немаат одговор на ова прашање. Велат дека е можно по достигнувањето до тоа ниво на богатството луѓето да чувствуваат предност во однос на своите колеги и поради оваа причина да имаат повисока самодоверба.

Или можеби тоа богатство ги тера милионерите да сметаат дека нивното богатство е доволно безбедно и можат да си дозволат да потрошат слободно пари за донации или за големи подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП