18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд останува најбрзо растечки пазар на недвижнини во светот

Исланд останува најбрзо растечки пазар на недвижнини во светот

Исланд останува најбрзо растечки пазар на недвижности во светот, иако темпото на зголемување на цените ќе успори малку во третиот квартал од 2018-та година, покажуваат податоците на интернет порталот „Global Property Guide“.

Македонскиот пазар за недвижнини останува слаб, поради делумно проширената политичка криза во земјата и влијанието од проблемите во соседна Грција. Просечната цена на становите во земјата се намалила за 2,78% до третиот квартал од 2017-та година. На квартална основа, цените на куќите се зголемија за 1,87% во текот на последниот квартал.

За периодот јули – септември 2017-та година цените на куќите во Исланд се зголемуваат со 20,4% во однос на истиот период од 2016-та година За споредба, во вториот квартал растот достигна 21,3%.

За кварталот, порастот на цените изнесуваше 3,6%.

Египет е на второ место со годишен раст од 20,17% и 13,5% за квартал.

На трето место е Хонг Конг со 14,8%, следен од Макао, Канада, Романија, која е лидер за Европската унија (ЕУ), Турција, Филипини, Шведска и Црна Гора.

Најслабиот пазар на недвижности во светот останува Киев во Украина со годишен пад на цените од речиси 5%, следен од Русија со намалување од 3,55% и Катар со намалување од 3,3%.

Во однос на регионалните пазари, Европа е лидер каде што се зголемуваат 15 од 24-те набљудувани пазари. Шест од првите десет најбрзорастечки станбени пазари се исто така на Стариот континент.

Во САД, зголемувањето на цените останува стабилно, додека во Канада „бумот“ продолжува. Во Азија, пазарите губат земја со неколку исклучоци, а во Латинска Америка сликата е мешана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП