12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно, во раните претпладневни часови, како и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со слаба магла, а кон крајот на денот со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне до 10 степени

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со умерен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Врнежите ќе бидат позастапени во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради што дневните температури дополнително ќе опаднат. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП