3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските граѓани повторно се гушат, мерните станици светнаа црвено

Македонските граѓани повторно се гушат, мерните станици светнаа црвено

Скопје и останатите градови во Македонија повторно се гушат во загаден воздух. Мерните станици изминативе два дена покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Воздухот беше загаден и за време на новогодишната ноќ, а и во текот на вчерашниот ден и поради тоа на сила стапи  една од мерките на Град Скопје – забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот.

Синоќа во 21 часот концентрациите на ПМ 10 честички во Лисиче достигнаа 556 микрограми на метар кубен, во Карпош 441, Центар 275, во Куманово 350, Тетово 280, Кавадарци 239 и Битола 413 микрограми на метар кубен.

Ништо подобро не е и утрово каде во Миладиновци се измерени 329 микрограми на метар кубен, потоа Карпош со 293 микрограми на метар кубен, и Рекотрат со 247. Во Лисиче се измерени 236 и Центар (207 микрограми на метар кубен).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП