21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензитетот на сообраќај умерен, коловозите претежно суви

Интензитетот на сообраќај умерен, коловозите претежно суви

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП