6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВчера стапи на сила забраната за достава на стока во Скопје

Вчера стапи на сила забраната за достава на стока во Скопје

Од вчера до март годинава, Градот Скопје воведува забрана за достава на стока во потесното градско подрачје во период од 7:30 до 18 часот.

Ова е една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух што ги презема Градот Скопје.

Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Дополнително, оваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП