23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија е нов претседавач со ЕУ

Бугарија е нов претседавач со ЕУ

Бугарија за прв пат откако пред десет години влезе во Европската унија го презема од Естонија претседателствувањето на Унијата, а својот шест месечен мандат го почнува со пораката „Силата е во единството“.

Како еден од најважните приоритети во својата работа, Бугарија најави борба за враѓање на вниманието на ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Поради тоа веќе сега се најавува дека можеби најважниот собир кој ќе биде одржан под претседателство на Бугарија, ќе биде специјален самит на ЕУ со кандидатите за членство, кој би требало да се одржи во средината на мај.

Покрај тоа, Бугарија најави дека активно ќе работи на постигнување консензус околу решавање на мигрантската криза и наспроти одбивањето на некои земји да го прифатат договорот околу квотата за прием на мигранти, ќе настојува да пронајде одржлив систем за решавање на тој проблем.

На 1-ви јули, Бугарија ќе ја наследи Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП