17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДедо Мраз пристигнува на плоштад

Дедо Мраз пристигнува на плоштад

Утре, традиционално во 12 часот на пладне Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија, информираат од Град Скопје.

„Годинава, најпознатиот дедо на светот , заедно со своите придружници во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина. Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња а по неговото пристугнување тој со неговата дружина ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија“ и ќе и се придружат на веселата музичка парада“, велат од Градот.

Додаваат дека „Улицата на радоста“ на Плоштад Македонија е највеселото место, особено за најмладите, а илјадници граѓани ја посетиле во изминатите денови и се забавувале со детската новогодишна програма,

„Посетителите имаа можност да прошетаат и си одберат подароци или пак да се стоплат со вкусен и топол напиток“, велат од Град Скопје и во името на градоначалникот Петре Шилегов им ја честитаат Новата година на сите деца во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП