10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД може да ги изненади пазарите со раздвижување на каматни стапки во...

ФЕД може да ги изненади пазарите со раздвижување на каматни стапки во 2018-та

Федералните резерви може да ги изненадат пазарите и да ги зголемат каматните стапки четири или повеќе пати, што е повеќе од очекуваното досега во 2018-та година, напиша „CNBC“. До неодамна, ФЕД предвидуваше три зголемувања на каматните стапки во следната година и инвеститорите дури се сомневаа дека овие ветувања ќе бидат направени.

Според аналитичарите, институцијата нема да ги исполни очекувањата поради бавниот раст на инфлацијата и економијата. Но, тоа беше порано. Сега првите податоци покажуваат забрзување на економијата во четвртиот квартал од 3%. Ваквиот раст не е забележан од 2005-та година.

Пазарите, исто така, ја земаат во предвид реформата што води кон намалување на даноците за многу компании во земјата. Ова би можело да ја намали стапката на невработеност на помалку од 4% и да ја принуди ФЕД да реагира брзо и да ја нормализира ситуацијата со својата политика за каматните стапки.

Во декември, централната банка на САД ја зголеми каматната стапка во опсегот од 1,25% – 1,5%. Во 2017-та година, институцијата ги зголеми каматните стапки три пати – минатиот декември. Меѓутоа, пред многу години, каматните стапки беа нули за поддршка на економијата во глобалната финансиска криза.

Веќе на почетокот на годината ќе има промена на претседателот на ФЕД. Сегашниот мандат на Џенет Илејн, истекува во февруари, а во март ќе се одржи првиот состанок предводен од нејзиниот заменик, Џером Пауел.

За набљудувачите се уште е тешко да проценат што ќе направи Пауел. Тој не е економист, и тој ќе им верува на своите вработени во Банката на федерални резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП