29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПроверете дали е време за промена на кариерата!

Проверете дали е време за промена на кариерата!

Ако не чувствувате апсолутно никаква страст, тоа е голем проблем, бидејќи страста е она што не поттикнува да успееме во нешто.

Секој од нас веќе се нашол или ќе се најде пред вратата на монотонијата. Па иако сте среќни што имате работа, понекогаш притисокот едноставно е неиздржлив. И мала промена може потполно да ви помогне, ако постои опција за промена на кариерата. Но, како да препознаете дека дошол тој момент?

1. Нема страст

Нормално е страста и ентузијазмот да спласнат со тек на време, но доколку не чувствувате никаква страст кон својата работа, тоа е голем проблем, бидејќи страста е она што не поттикнува и мотивира за да успееме во нешто. Без страста немате насока.

2. Вашата работа не се цени воопшто

Луѓето сакаат нивниот труд и работата да се препознаваат и ценат. Ако не се чувствувате така, вашата самодоверба ќе се намали. Тријаголникот составен од „давате се од себе, вашата работа не се цени и вие се чувствувате ужасно“ ќе остане таков се додека вие не го скршите.

3. Напредок

Ако сте на истата позиција веќе подолго време, што денес се смета за сосема нормално, но всушност не е така, нема можност за напредување и не сте добиле ниту еден денар зголемување на платата, вие нема повеќе што да барате на вашето работно место.

4. Вашата енергија е на минимум

Стресот и хаосот на работното место се минливи, нив не треба да ги сметаме, тие се застапени на секое работно место, но ако вие секогаш без исклучоци сте исцрпени и не можете ни да се движите од замор, време е да размислите за промена која ќе ви донесе здравствена рамнотежа во животот.

5. Нема граница меѓу деловното и приватното

Нормално е понекогаш работата да ја однесете дома, да дозавршите нешто што мора да се заврши, но доколку тоа веќе станува секојдневие и вие започнувате да забележувате дека немате време за сопствениот живот, тука нешто не е во ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП