28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото и понатаму сјае, но криптовалутите ја крадат славата

Златото и понатаму сјае, но криптовалутите ја крадат славата

Цената на златото порасна за 13 проценти од јануари и сега е негде на пат да има најуспешна година од 2010 година.

Вредноста на златото вчера порасна за 0,2 проценти и со него се тргуваше за 1,297.39 долари по унца.

Аналитичарите велат дека овој племенит метал исто така е на пат да забележи најдобар месец од август и дека на тоа влијаел и падот на доларот.

„Очекуваме дека цената на златото уште ќе расте“, вели еден од аналитичарите.

Како што велат неговите колеги, слабиот долар би можел да обезбеди дополнителен поттик за овој метал на почетокот на новата година, но геополитичките случувања не го погодуваат толку.

Геополитичката неизвесност и стравовите поради нуклеарните амбиции на Северна кореја исто така го поттикнале интересот на инвеститорите да се завртат кон златото како сигурно средство. Некои експерти, сепак, велат дека, и покрај силната година „жолтиот“ метал драстично потфрлил во однос на криптовалутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП