19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаркус Гинјард ги даде подароците од младите од КК Работнички на децата...

Маркус Гинјард ги даде подароците од младите од КК Работнички на децата во СОС Детско село

Во сабота, 23.12.2017, по иницијатива на кошаркарот на КК Работнички, Маркус Гинјард, младите од КК Работнички на интересен и забавен начин, преку спорт, собраа подароци за децата од СОС Детско село.

Истиот ден младите се дружеа со Маркус Гинјард кој со нив ја сподели неговата животна приказна и им посочи дека доколку се трудат и се посветат на тоа што го сакаат можат да постигнат сè во животот.

Целта на кошаркарот на Работнички е кај младите да ја пренесе пораката дека треба да имаат доверба во заедницата и најблиските и дека спортот треба да е еден од клучните фактори во пренесување на пораката дека секој може да го следи својот сон.

Денес, Маркус ги достави подароците до децата од СОС Детско село и им рече дека кога сакаат можат да ја посетат салата на КК Работнички за заедно да играат кошарка, со него и со младите од КК Работнички.

Гинјард верува дека вредностите кои ги носи спортот како тимска работа, одговорност, мотивација, работа, храброст и хуманост, се клучни за развој на младите.

За да го разгледате видеото од собирањето на подароците може да го проследите следниов линк:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП