3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува пад на имотниот пазар во Германија во следната година

Се очекува пад на имотниот пазар во Германија во следната година

Деценискиот станбен бум во Германија може да ослабне во текот на следните 12 месеци, според аналитичарите цитирани од „ДПА“.

Цените ќе продолжат да растат, но помалку од претходната година, рече Рајнер Браун, извршен директор на истражувачката група „Емпирика“.

Рекордно ниските камати, стабилниот пазар на труд, ниската инфлација, заживувањето на растот на платите и неодамнешниот прилив на бегалци во Германија дадоа поттик на имотниот пазар во најголемата европска економија.

Браун, сепак, истакна дека нема нови стимулации за градежниот сектор, при што цените за домување често ги надминуваат кириите.

Берлинската асоцијација во секторот на недвижности, исто така, предупреди за изгледите за пазарот за недвижнини, но рече дека не очекува драстични промени во цените.

Цените веќе се високи на повеќе локации, рече претседателот на ЗИА, Андреас Матнер.

Според него, цените првично ќе останат стабилни во услови на поволни пазарни услови.

Економијата е во подем, каматните стапки веројатно ќе останат ниски, а пазарот има многу пари, рече тој.

Според него, големите градови ќе продолжат да бидат популарни меѓу купувачите на имотите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП