24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVW ја мина границата од 6 милиони возила во 2017-та

VW ја мина границата од 6 милиони возила во 2017-та

Популарниот германски автомобилски бренд за прв пат во историјата направи повеќе од 6 милиони автомобили во една година.

Покрај тоа, се проценува дека годишното производство на сите 11 брендови во групацијата „VW“ во 2017-та ќе го надминат досегашниот рекорд од 10,3 милиони возила.

Преку 60% од производството сочинуваат токму автомобилите на матичниот бренд, „Volkswagen“, кој е стожер на групацијата со преку 50 фабрики во 14 земји во светот, во кои се изработуваат повеќе од 60 модели.

Рекордно производство е остварено меѓу останатото и благодарејќи на воведувањето на целосно нови модели, кои немале претходници во гамата на „Volkswagen“, како што се „T-Roc“, „Tiguan Allspace“ и „Atlas“ (кој не се продава во Европа).

Сепак, како и досега, најпопуларните модели – „Golf“, „Polo“ и „Passat“, најмногу доминирале на пазарите ширум светот во 2017-та. Во Кина најпопуларен „VW“ модел бил „Savana“, кој се произведува во повеќе верзии.

Како и повеќето останати големи светски производители, и „Volkswagen“ полека се насочува кон развој и производство на електрични автомобили, па во наредните години се очекува целосно нови модели од овој бренд на пазарот, што ќе влијае на натамошниот годишен раст на производство.

Oткако „Volkswagen“ го стартуваше производството по Втората светска војна, до денеска, од фабричките ленти се симнале преку 150 милиони автомобили со знакот на „VW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП