3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2017-та е досега „најеколошка“ за производство на енергија во Велика Британија

2017-та е досега „најеколошка“ за производство на енергија во Велика Британија

Оваа година била досега „најзелена“ година за Велика Британија во однос на начинот на кој се произведува електричната енергија во земјата. Ова го покажуваат податоците од Велика Британија за дистрибутивната мрежа, цитирани од „Би-Би-Си“.

Зголемувањето на обновливата енергија помогна за подобрување на вкупно 13 рекорди за екстракција на „зелена“ струја во изминатите 12 месеци.

Во јуни за прв пат струјата од ветерници, атомски и соларни генератори било повеќе од таа, произведена преку гас и јаглен, земени заедно. Друго „зеленото“ достигнување за земјата е забележано во април, кога за прв пат од Индустриската револуција во рамките на полни 24 часа не е користена енергија од јаглен.

Од 2012-та година досега Британија ги преполови јаглеродните емисии од производството на енергија и така се рангирана на четвртото место во Европа по чистотата на електричниот сектор и на седмото место во светот. Владата има намера постепено да се откаже од користењето на јаглен до 2025-та година, што е дел од заложбата на Лондон да го намали производството на стакленички гасови.

Според паралелно истражување на истражувачката група „MyGridGB“ во 90% од 2017-та година (до 12-ти декември) изворите на обновлива енергија генерираа повеќе електрична енергија од јагленот. Само ветерните централи произвеле повеќе струја од оние кои се на погон на јаглен, во 75% од деновите во оваа година.

И покрај позитивните резултати сепак групата предупредува дека Лондон треба веднаш да преземе мерки за зависноста од природен гас, ако сака да ги одржи своите ветувања за намалување на штетните гасови. Дневното производството на гас беше претекнато со ветерна енергија само два дена во годината.

Вкупно обновливи извори биле попродуктивни од фосилните горива во само 23 дена од годината.

Според Ендрју Кросланд од „MyGridGB“ британската влада е фокусирана на намалувањето на употребата на јаглен, која во моментов претставува околу 7% од производството на електрична енергија. Ако сепак земјата продолжи да користи гас како досега, ќе се покаже изложена на ризици на меѓународните пазари поврзани со снабдувањето и цената на горивото. Според него има потреба од обновување на владината поддршка за алтернативните извори на струја, за да се избегнат шокови со цените и понудата.

Според податоците на британското Министерство за енергија Велика Британија е земја со најбрзо намалување на обемот на штетни гасови од која и да е било друга во групата на „Г-7“, каде се уште САД, Јапонија, Германија, Италија, Франција и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП