4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple заработува 5 пати повеќе од било кој уред на Samsung

Apple заработува 5 пати повеќе од било кој уред на Samsung

Не е изненадување дека американскиот технолошки концерн „Apple“ повторно заработил највисока сума од секој свој продаден уред – по 151 долари во третиот квартал од 2017-та година.

Впечаток сепак прави големата разлика од вториот во оваа своевидна класификација – „Samsung“, кој заработил чисти 31 долар од секоја продадена единица, покажува новиот извештај од аналитичката компанија „Counterpoint“.

„Приходот на „Apple“ е пет пати поголем од „Samsung“ (кој има најмногу модели во сите ценовни сегменти) и околу 14 пати повеќе од просечната добивка на кинеските марки“, се вели во истражувањето.

Кинески брендови, како што се „Huawei“, „Oppo“ и „Vivo“, објавија сличен резултат, заработувајќи 15, 14 и 13 долари на продаден уред, соодветно.

Во споредба со другите кинески производители, добивката на „Xiaomi“ од секој уред е многу ниска (2 долари), но компанијата е позната по своите тенки маргини.

„„Apple“ ќе продолжи да расте, придвижувана од високата цена на серијата „iPhone X“. Нашите неодамнешни проверки на каналите за снабдување на клучните пазари покажаа дека побарувачката на верзијата на „iPhone X“ со 256GB е многу висока, со што ќе се зголеми дури и поголем профитот на „Apple““, изјави Нил Шах, директор на истражувачкиот тим за „Counterpoint“, цитиран во соопштението на компанијата.

Истражувањето исто така покажа дека кај просечен раст на профитот од 13% на годишно ниво за секој продеден телефон, кумулативната добивка на кинеските марки помина 1,5 милијарди долари за прв пат за едно тримесечје.

Општо земено, скоро целиот профит го делат само две марки – „Samsung“ и „Apple“, но кинеските брендови го зголемуваат своето присуство во овој квартал.

„Подемот на кинеските марки може да се должи на макотрпните напори за поедноставување на синџирот на снабдување при зголемената комбинација на смартфони од просечната до висока класа во портфолиото“, вели Тарун Патак, вонреден директор во „Counterpoint“.

„Дури и во „high-end“ сегментот, играчите како „Huawei“ ги поставуваат своите водечки модели веднаш под највисоките понуди на „Apple“ и „Samsung“. Оваа стратегија има за цел да навлезе во премиум пазарот, истовремено максимизирање на приходите и профитот“, додаде тој.

Според „Counterpoint“, „Apple“ генерира речиси 60% од вкупната добивка генерирана во сегментот на мобилните телефони, по што следи „Samsung“. Уделот на „Apple“ во приходите, сепак, падна за 30% на годишна основа, поради зголемената мешавина од претходната генерација на „iPhone“.

„„Apple“продолжи да го зема поголемиот дел од добивката во индустријата за мобилни телефони. „Samsung“, иако со релативно посилна побарувачка за „Note 8“ и сегментот „Ј“, можеше да генерира речиси една четвртина од профитот“, рече Шах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП