27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа тротоарот пред „Нова Македонија“ се поставени столпчиња

На тротоарот пред „Нова Македонија“ се поставени столпчиња

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на тротоарот на улицата Свети Кирил и Методиј, пред објектот на поранешна НИП „Нова Македонија“.

„На барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до објектот на ‘Халк банк’ се поставени четириесеттина столпчиња“, соопштија од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП