19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБадниковите огнови нема да бидат финансирани од Општина Аеродром

Бадниковите огнови нема да бидат финансирани од Општина Аеродром

Општина Аеродром нема да финансира бадникови огнови поради загадувањето, информираат од Општината.

„Аеродром  ги почитува празничните традиции, но како одговорна институција должност ни е да апелираме до граѓаните да го имаат предвид загадувањето на воздухот со кое се соочуваме во зимскиот период. Токму затоа, оваа година не издвојуваме средства од буџетот за финансирање бадникови огнови“, велат од Општина Аеродром.

Оттаму апелираат до граѓаните доколку палат огнови да не користат нееколошки огреви и огновите да не ги оставаат да горат по завршувањето на собирите.

Денеска и Општина Центар испрати соопштение дека нема да издвојува средства за бадникови огнови и наместо тоа, парите ќе ги насочи кон ново зеленило и за социјалните случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП