27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Кисела Вода додели над 50 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода додели над 50 ваучери за новороденчиња

Предновогодишно, 58 семејства од Општина Кисела Вода добија ваучери за своите новороденчиња.

„Оваа локална самоуправа и во 2018-та продолжува со доделувањето на еднократна парична помош за новородените жители на своја територија. Се работи за средства во висина од 6000 денари кои треба да им се најдат на родителите за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето“, велат од општината.

Проектот од социјалната сфера ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП