3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Австрија во 2017 увезла двојно повеќе гас од Русија?

Зошто Австрија во 2017 увезла двојно повеќе гас од Русија?

Австрија оваа година купи поголема количина на гас од Русија во споредба со било кога, пренесува агенцијата АП.

Оттаму укажуваат дека Австрија од Газпром оваа година добила испорака во висина од 40,7 проценти повеќе отколку во 2016 година.

Оваа количина одговара на годишната потрошувачка на Австрија, која изнесува девет милијарди кубни метри.

Причина за огромниот пораст на увозот на гас од Русија е во зголемената потрошувачка поради ладната зима.

Само во покраината Доњој потрошувачката на гас пораснала за 12 проценти, а слични бројки бележат и снабдувачите со гас од другите делови на Австрија.

За покривање на зголемената потрошувачка користени се и залихи од складиштата, кои оваа година повторно се пополнети.

Инаку, идната година Австрија одбележува 50 години увоз на гас од Русија.

Покрај Русија, од каде Австрија добива најголеми количини на гас, овој енергент, во многу помали количини, се увезува и од Норвешка, Германија и Ирска.

Поради значењето на рускиот гас за Австрија нафтениот концерн OMV инсистира на соработка со Русија во изградбата на вториот Северен тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП