4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги испорача првите количини на течен гас во Велика Британија

Русија ги испорача првите количини на течен гас во Велика Британија

Мразокршачoт „Christophe de Margerie“, кој пренесува течен гас од Русија, пристигнал во пристаништето на британскиот остров Греј, соопшти „ТАСС“. Ова се првите количини на течен руски гас што ги добива Велика Британија.

Танкерот-мразокршач „Christophe de Margerie“ е првиот од својата класа, изграден специјално за проектот „Јамал СПГ“, со кој Русија се обидува да се пробие и освои дел од пазарот за течен гас. Ќе бидат изградени уште 14 вакви пловила за да се ипорачува течен гас од Северното Море, објавено на веб-страницата на проектот.

Танкерот беше пуштен на 8-ми декември во присуство на рускиот претседател Владимир Путин.

Во „Јамал СПГ“ мнозински удел (50,1%) држи руската компанија „Новатек“, а коакционери со по 20% се француската „Total“ и кинеската „CNPC“. 9,9% се во рацете на инвестицискиот фонд на кинеската иницијатива за „Новиот пат“ (One Belt, One Road).

Според „Фајненшл тајмс“, „Christophe de Margerie“  требало да го предаде својот товар во Азија. Но, хаваријата на нафтоводот на „Forties“ во Северното Море ги смени плановите. Овој нафтовод во Велика Британија снабдува 40% од нафтата и гасот што се екстрахира од Северното Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП