Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет моментално провејува на Попова Шапка, Стража и Ѓавато, но не се задржува на коловозот, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.