3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите повторно се бараат, но условите се потешки

Банкарите повторно се бараат, но условите се потешки

Банките изгледа повторно бараат работници, но сега бараат и специфични вештини. Од банкарите денес се очекува да се разбираат од дигиталните и финтек области.

Тоа се првите особини кои би требало идните кандидати за работа во банка да ги исполнат, и потребата за нив се повеќе расте, особено во Азија.

„Банките конечно почнаа повторно да бараат работници по неколку пасивни години на кои влијаеше светската финансиска криза. Овој пат, сепак, фокусот на банките ќе биде на дигиталните и финтек лица“, изјави Деклан Осилван, извршен директор на една консултантска компанија.

Според неговите зборови, растечкото влијание на дигиталната технологија влијае и на тоа да се промени и онаа банкарската и тоа ќе ги принуди банките поинаку да го организираат своето функционирање и работа.

По финансиската криза во 2008 година, многу банкари постоеа на пазарот, но побарувачката за нив нагло опадна. Исто така, многу во тој период добија отказ од работа.

Сега, работите се менуваат, банките имаат работа, но таа работа се менува, вели тој.

Најбарани ќе бидат дигиталните стратези, финтек професионалците, менаџерите на податоци и експертите за сајбер безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП