6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Carlsberg роботи ќе прават пиво

Во Carlsberg роботи ќе прават пиво

Данскиот пивски гигант „Carlsberg“ инвестираше четири милиони долари во систем со вештачка интелигенција, кој од јануари ќе помогне за далеку побрз развој на новите видови на пиво.

Како што пренесува Financial Times „Carlsberg“ во проектот ќе соработува со „Microsoft“ и два дански универзитети, а дел од парите, поточно 18 милони дански круни, ги дал државниот фонд за иновации.

Јохен Форест, еден од директорите на истражувачката лабораторија на „Carlsberg“, појаснува дека системот со вештачка интелигенција ќе се состои од низа сензори, кои го разликуваат вкусот на пивото.

На тој начин развојот на нови видови пиво ќе биде скратен и до 30 проценти. Вообичаеното време за развој на пивото трае меѓу седум и 24 месеци. Улогата на „Microsoft“ е да помогне во интерпретирањето на податоците и проектирање на информационо решение едноставно за користење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП