10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОператорот на British Airways го купува Ники

Операторот на British Airways го купува Ники

Операторот на „British Airways“, „IAG“ ќе го купи нискобуџетниот туристички авиопревозник „Niki“.

„Niki“, прочуен со мрежата од европски и северноафрикански туристички дестинации, објави банкрот овој месец, откако германската авиокомпанија „Lufthansa“ јс повлече својата понуда за негово купувње. Германската компанија објави дека се откажува од предлогот да го купи „Niki“ како дел од договорот за стекнување на големи удели од банкротираната „Air Berlin“ по отфрлањето на договорот од страна на Европската комисија, од причини за заштита на конкуренцијата.

Според привремениот синдикатен лидер Лукас Флјотер е многу веројатно „Niki“ да биде продадена во наредните денови и многу од околу 1.000 работни места во Австрија и Германија да бидат задржани.

Основана од шампионот од Формула 1, Ники Лауда во 2003-та година, „Niki“ беше продаден на „Air Berlin Group“ во 2011-та година.

Меѓу оние кои се заинтересирани за авиокомпанијата беше 68-годишниот Лауда, како и „Tuifly“ и „Thomas Cook“ (Condor).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП