Владата вчера на седница ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје, за издавање овластување за изградба ветерна електрана кај Богословец и донесе одлука за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана како прва од ваков тип во приватна сопственост.
На 46-тата седница Владата беше информирана за поднесните иницијативи за започнување постапка за доделување концесии за детални геолошки истражувања минерални суровини во општините Неготино, Студеничани, Штип и Сарај, како и општините Прилеп и Долнени.